Во Астон Вила заборавија дека играат во ЛШ, ја пуштија химната на ЛЕ! (ВИДЕО)

Голем кикс на домаќинот, на мечот меѓу Астон Вила и ПСЖ наместо химната на Лигата на шампионите одеше химната на Лига Европа.

Голем сеир за Астон Вила на социјалните мрежи откако ја утнаа химната на натпреварувањето.

Клубот од Бирмингем како уште да не е навикнат дека игра во Лигата на шампионите, па пред почетокот на мечот беше пуштена химната на Лига Европа.

Грешката беше поправена и потоа беше пуштена и химната на Лигата на шампионите, но сеирџиите го фатија моментот.