
Судиите пресекоа: Кошарка ќе се игра, ама - после Велигден!
На вечерашниот состанок, кој траел три часа, одлучено е сите лиги да се играат од среда (23 април), а судиите се согласија да почекаат целосна исплата на долговите до 25 април, како што вчера беше ветано од челниците на Федерацијата. Тоа значи за велигденскиот викенд нема да има кошарка, а веднаш по завршувањето на празниците, екипите и судиите се враќаат на терените.
Првата лига мажи е пред старт на плејофот и Комесарот ќе ги утврди точните термини бидејќи сите три фази од разигрувањето се играат до три победи со тоа што има и шест кола од плејаутот. Во женската Прва лига се играат натпреварите од плејаутот, а ќе продолжат и другите натпреварувања во сениорска и младинска конкуренција.