Пелистер во драматична завршница го доби дербито со Алкалоид!

Пелистер уште еднаш го победи Алкалоид, овојпат битолчани славеа со 30-28 и го забележаа третиот триумф во плејофот по кој се вратија на чело на табелата пред Вардар.

Пелистерци ја имаа контролата на натпреварот иако резултатот постојано близок. Алкалоид не поведе ниту еднаш, но до крајот имаше шанса да се извлече од пораз.

Шампионот одлично го отвори натпреварот, имаше водство од 6-2 што беше највисока предност во текот на мечот. Но, Алкалоид возврати со серија и намали на 7-6. Пелистер успеа пак да се одлепи во финишот, повторно дојде до тие четири гола предност, на одморот замина со три, 18-15.

Алкалоид во вториот дел неколкупати дојде до еден негатива, но никако не успеваше ниту да израмни. Сепак финишот имаше драматична завршница, при водство на Пелистер од 29-28, малку фалеше битолчани да ја загубат топката и да им дадат напад на гостите за реми, но судијата иако можеше да досуди пробивање го призна последниот гол на домаќините за победа од 30-18.

Кузмановски со осум бода беше најефикасен во победата на Пелистер, Радивојевиќ постигна седум. Кај Алкалоид Серафимот реализираше осумпати.

Овој пораз го одалечува Алкалоид од трката за титулата.

Во вториот натпревар од овој термин Тиквеш со 26-25 го совлада Бутел.