Работнички го освои Ѓорче Петров, Пелистер е нов лидер во Втората лига!
Во дуелот на некогашните шампиони, Работнички славеше на гостувањето против Македонија Ѓорче Петров благодарение на единствениот погодок кој во второто полувреме го постигна Андреј Кудијан. Идентичен триумф оствари и составот на Пелистер, кој на неутрален терен во Новаци беше поуспешен од ГФК Охрид. Битолчани им го нанесоа првиот овосезонски пораз на „рибарите“, а решавачкиот гол го постигна Стојанов во 40. минута од првото полувреме.
На останатите средби мрежите најчестомируваа. Дуелите помеѓу Тетекс и ГФК Осогово, како и натпреварот меѓу Еуромилк и струмичка Беласица, завршија со почетните 0-0. Екипата на Новаци освои значајни три бода на гостувањето кај Кожув во Гевгелија со победа од 1-0, додека со истиот резултат Камјани ја совлада Детонит Плачковица.
Нов лидер на табелата е Пелистер со 14 бода и натпревар повеќе од второпласираниот ГФК Охрид, кој остана на 11 бода. Зад нив следуваат Брера Струмица и Беласица со по десет бода, додека Работнички со новата победа стигна до бројката од вкупно девет бода.