Реми на римското дерби, Рома останува несовладана 16. натпревар по ред (ВИДЕО)

Екипите на Лацио и Рома одиграа без победник (1-1) во дербито на 32. коло од Серија А, но ремито не му одговара на ниеден од тимовите.

Лацио пропушти можност да се искачи на петтото место на табелата, а Рома ја помина Фиорентина, но заостанува два бода зад својот градски ривал. „Волчицата“ остана несовладана и 16. натпревар по ред и секако ја продолжува борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Головите на денешниот натпревар беа постигнати во второто полувреме. Лацио го диктираше темпото во првиот, но без многу шанси за гол, а резултатот го отвори Ромањоли во 47. минута. Рома беше далеку од своето ниво, но освои бод благодарение на мајсторијата на Суле во 69. минута кога со проектил прво ја погоди стативата и потоа топката заврши зад линијата од голот на Лацио.