
Мелоун се прости од Денвер, а не го спомна Јокиќ
Интересно е тоа што во писмото, Мелоун го спомна семејството Кренке кое е сопственик на франшизата, но не го спомна најдобриот играч во тимот Никола Јокиќ со кого соработуваше десет години.
„Пред една деценија добив неверојатна прилика да станам главен тренер на Нагетс. Не можев ни да замислам колку таа одлука ќе ми го обликува животот. Сакам да изразам најдлабока благодарност до семејството Кренке, на сите кошаркари мојот стручен штаб. Беше чест да се работи со вас“, напиша, меѓу другото, Мелоун.
Неговото име ќе остане запишано во историјата на Денвер Нагетс како освојувач на првата шампионска титула во постоењето на франшизата.