
Манчестер јунајтед со полна мрежа се враќа од Њукасл (ВИДЕО)
Резултатот го отвори Тонали во 24. минута, но само 13 минути подоцна Гарначо го изедначи резултатот на 1-1. Тоа беше и резултатот од првиот дел.
Во второто полувреме шоу на Барнс, тој во 49. минута најпрво го врати водството на Њукасл, а во 64. минута постигна убав гол за водство на домаќините и од 3-1.
Конечните 4-1 за Њукасл ги постави Бруно Гимараеш во 77. минута од натпреварот.
Ова беше четврта победа во низа за Њукасл во Премиерлигата со која се качи на четвртата позиција.