Елмас одигра цел меч, Торино загуби од Комо

Торино и Елиф Елмас се враќаат со минимален пораз од гостувањето кај Комо, со што ја завршија долгата серија без загубен меч.

Торино во денешниот натпревар влезе со шест меча по ред без пораз, но овојпат го положи оружјето.

Елмас ги одигра сите 90 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелци и да постигне нов гол за својот клуб.

Единствениот погодок на мечот се случи во 38. минута кога Довикас даде гол за победа на Комо.