
Изненадување во НБА: Четвртиот тим на Западот го избрка тренерот!
Откако пристигна на клупата на Мемфис 40-годишниот Џенкис вкупно оствари учинок од 250 победи и 214 порази, а оваа сезона тимот направи позитивен исчекор откако минатата ја завршија со негативен биланс од 27 победи и 55 порази.
Причина за реакцијата на раководството веројатно се петте порази на последните седум натпревари. Отказот го потврди и генералниот менаџер на Мемфис, Зак Клеиман.
„Искрено го ценам придонесот на Тејлор за овој тим и овој град во изминатите шест сезони и ова беше тешка одлука со оглед на развојот на нашите кошаркари и вкупниот успех кој го имавме под водство на Тејлор. Му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Клеиман.