Хјустон се засили со центар кој за две ипол години одигра само – 38 меча!

До пред три години еден од најдобрите центри во НБА, Демаркус Казинс, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Хјустон рокитс, со кој потпиша едногодишен договор за ветерански минимум.

Тој се повреди во 2018 година, по што не крена глава од проблеми и одигра само 28 натпревари во две ипол сезони.

Казинс шест ипол сезони мина во дресот на Сакраменто, по што замина во Њу Орлеанс, каде што со Ентони Дејвис беше страшен тандем. Во 48 натпревари пред повредата во сезоната 2017/18 имаше просек од 25,4 поени, 12,9 скока и 5,4 асистенции.