Дурант со ултиматум до газдата на Бруклин: Или јас или тренерот!
Дурант му кажал на сопственикот на тимот да избере помеѓу него и тренерот Стив Неш бидејќи смета дека тој и генералниот менаџер Џон Маркс се виновни за лошите резултати и атмосфера во клубот.
„Тренерите ја имаат мојата поддршка. Ќе донесеме одлука која е најдобра за Бруклин“, кажа Цаи.
За Дурант се заинтересирани неколку тимови, меѓу кои Бостон, Феникс и Мајами се најсериозни кандидати.