Денвер без Јокиќ и Мареј го победи Портланд! (ВИДЕО)

Денвер со 114-111 славеше гостинска победа кај Портланд, шампионот беше без своите две најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Џемал Мареј кој го пропуштија мечот поради повреди.

Портланд е еден од најслабите тимови во лигата оваа сезона, па на Денвер не му беа потребни најдобрите двајца за да дојде до триумф.

Натпреварот беше изедначен, во финишот подобро се снајде Денвер и дојде до победата од 114-111.

Џексон со 23 поени беше најефикасен кај Денвер, одлична партија имаше Гордон кој постигна 22 поени и имаше 12 скокови. Во Портланд најдобар беше Рет со 24 поени.

Резултати:
Њујорк - Бруклин 105-93
Орландо - Сакраменто 107-109
Атланта - Шарлот 132-91
Чикаго - Бостон 113-124
Хјустон - Јута 147-119
Сан Антонио - Феникс 106-131
Вашингтон - Торонто 112-109
Портланд - Денвер 111-114