Бостон вторпат ги олади „жешките“, на двочекор е до менување на историјата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс вторпат по ред го совладаа Мајами хит (110-97) во финалето од Источната конференција во НБА, со што намалија на 2-3 во серијата, односно дојдоа на двочекор до менување на историјата во најсилната лига на светот.Кошаркарите на Бостон селтикс вторпат по ред го совладаа Мајами хит (110-97) во финалето од Источната конференција во НБА, со што намалија на 2-3 во серијата, односно дојдоа на двочекор до менување на историјата во најсилната лига на светот.

Ниту една екипа досега не успеала да триумфира по стартните три порази во било која серија, па „келтите“ имаат шанса да направат нешто што досега никому не му успеало. За тоа им треба победа на следниот меч кој ќе се игра на Флорида (недела кон понеделник), кој потоа би им донел „мајсторка“ на домашен терен, која ретко кон верува дека би ја загубиле. Домаќинот средбата ја почна со серија 20-5, со која го најави крајниот епилог, односно му покажа на противникот дека нема што да бара во Масачусетс.

Бостон до втората победа беше предводен од Вајт со 24 поени, Смарт постигна 23, додека Тејтум и Браун уфрлија по 21 поен. Во поразената екипа најефикасен беше Робинсон со 18 поени, додека нивниот најдобар кошаркар, Батлер, постигна само 14 поени.

Во досегашната историја на НБА, екипите во 150 наврати имале водство од 3-0 во плејофот и ниту еднаш не е случило да ја загубат серијата на крајот. „Келтите“ сега се на две победи до вакво досега невидено остварување.