
Бостон „избрка“ од еден од клучните кошаркари за титулата во ланската сезона!
„Келтите“ со оваа размена се откажаа од еден од клучните играчи во освојувањето на титулата предминатата сезона, а зад одлуката стојат пред сѐ финансиски причини. Холидеј има активен договор за уште три години, вреден над 100 милиони долари, а неговото заминување ќе му заштеди на клубот околу 40 милиони долари во „данок на луксуз“ за следната сезона. Интересно е што тој пред само една година пристигна во Бостон токму од Портланд, кој пак го доби од Милвоки како дел од размената за Демиан Лилард.
За неговите услуги тогаш, Селтикс се откажаа од Малком Брогдон, Роберт Вилијамс и два пика од првата рунда. За Портланд никогаш не настапи, бидејќи беше дел од размена само неколку дена претходно. Холидеј во дресот на Бостон ја освои титулата во 2024 година и беше незаменлив дел од првата петорка, со посебен акцент на одбраната. Минатата сезона бележеше просек од 11,1 поен, 4,3 скока и 3,9 асистенции по натпревар.
Симонс, пак, е бек познат по својот шут за три поени – елемент што добро се вклопува во играта на Бостон. Последните четири сезони во НБА тој погодуваше најмалку по три тројки по натпревар, а минатата сезона имаше просек од 19,3 поени, 4,8 асистенции и 2,7 скока. Актуелниот договор му истекува по следната сезона. Според информациите на еден од најпознатите НБА-инсајдери, Шемс Чаранија, „келтите“ нема да застанат тука и планираат нови трансфери во текот на летото. Промените доаѓаат по повредата на ахиловата тетива што ја заработи главната ѕвезда на тимот, Џејсон Тејтум, во полуфиналето на Источната конференција.
ФОТО: EPA PHOTO