Били Донован е нов тренер на Чикаго булс

Чикаго булс го ангажираа Били Донован за нов тренер, но тимот не објави никакви детали околу договорот. 

Донован изминатите пет сезони беше на клупата на Оклахома со која успеваше пет пати да игра во плеј-офот. Изненадувачки беше што си замина од таборот на Тандер, бидејќи и покрај заминувањето на Расел Вестбрук, тој успеа да го одведе тимот во разигрувањето за титулата сезонава.

Според Булс, Донован е еден од најдобрите тренери во НБА-лигата и треба да биде предводник на новиот изглед на тимот. Чикаго имаат млад состав и се надеваат дека со новиот тренер ќе направат чекор кон враќање на старите патеки.

На клупата на Тандер, Донован имаше скор од 243 победи и 157 победи, а интересно Оклахома беше негов прв НБА-тим. Претходно 19 години беше тренер на Универзитетот Флорида.