Се запалил авионот на Жалгирис, пилотот спречил голема трагедија

Авионот со кој патувале кошаркарите на Жалгирис во Атина на мечот од Евролигата против Олимпијакос, се запалил во текот на летот.

Поради проблем со сопирачките, едното тркало се запалило во моментот на слетување, па дошло до пожар во авионот.

За среќа, пилотот спречил поголема трагедија, откако успеал да го исконтролира авионот и безбедно да слета, а набрзо потоа и пожарот бил отстранет.

Интересно е тоа што играчите на Жалгирис не забележале дека авионот бил запален, па им било соопштено тоа по излегувањето од авионот.