Кош на сезоната во Евролига - тројка од центар, под фаул (ВИДЕО)

Францускиот кошаркар Нандо де Коло е еден од најдобрите шутери во Европа, но дури и за него е чудно она што го направи на денешниот натпревар против Монако.

Играчот на Асвел тргна во контранапад и на центарот од теренот беше фаулиран од противнички кошаркар. Успеа да ја продолжи акцијата и да шутне кон кошот, а притоа и ја протна топката низ обрачот за тројка, плус слободно фрлање.

Судиите долго го прегледуваа моментот, но на крајот донесоа правилна одлука - го признаа кошот и му доделија „пенал“ на Де Коло.