
Го исфрлија од репрезентацијата зашто замина во Русија, па им одговори: Не ми е гајле!
Овој плејмејкер претходно потпишал заклетва дека нема да се пресели во руски клуб за да може да го носи дресот на репрезентацијата на Европското првенство, но веднаш по Евробаскетот се договори со Зенит.
„Имам нешто да им кажам на луѓето кои ме критикуваат затоа што решив да дојдам во Русија. Не ми е гајле. Не си го трошете времето. Ви благодарам“, кажа Ертел.