Фенербахче го „тресна“ Жалгирис и се пласираше на Ф4

Фенербахче одигра одличен меч во Каунас против Жалгирис во плејофот од Евролигата, па славеше со убедливи 99-82 и обезбеди пласман на фајнл-фор.

Турскиот тим тргна фуриозно на гостувањето, па веднаш создаде предност од 30-16, која на полувреме изнесуваше само осум поени (49-41).

Во вториот дел се водеше израмнета борба меѓу двете екипи, а Фенербахче зголеми на 72-61, па тука беше решено прашањето за победникот.

До крајот на мечот Фенербахче одигра одлично и на крајот славеше со убедливи 99-82.

Најдобар кошаркар кај турскиот тим беше Али Мухамед со 25 поени, додека најефикасен кај Жалгирис беше Брендон Дејвис со 25 постигнати поени.