Без притисок е полесно: Звезда на крилјата на Теодосиќ и Недовиќ го растури Виртус

Серијата од шест порази на Црвена Звезда во Евролигата заврши откако белградскиот тим вечерва убедливо го победи Виртус на домашен терен со 94-79.

Шампионот на Србија веќе ги загуби сите шанси за пласман во топ-10, па веројатно поради тоа му беше полесно на денешниот натпревар. Се играше израмнето до финишот од првото полувреме, а потоа во период од пет секунди Звезда погоди две тројки за да замине на пауза со 48-42. Во третата четвртина беше и 54-44, но подоцна Виртус успеа и да израмни на 61-61.

Тогаш на сцена стапија Немања Недовиќ и Милош Теодосиќ, погодија по една тројка, им се придружи Лука Митровиќ и Звезда направи серија од 11 поени. Недовиќ беше незадржлив во таа трета четвртина постигнувајќи 15 своите 25 поени на мечот. Италијанскиот вицешампион ни тука не се предаде, се доближи на 73-79, ама домашниот тим не планираше да се откаже од победата на овој меч. Се истакна и Милош Теодосиќ кој во клучни моменти го поведе тимот, а зааврши со 11 поени, 9 асистенции и 3 скока против својот поранешен тим.

За Виртус ова беше четврти пораз во низа по кој му останува да се подготвува за настап во плејинот бидејќи разликата со шестопласираниот Олимпијакос изнесува две победи, на три кола пред крајот на основниот дел од сезоната во Евролигата.