Жестока казна за Куманово поради неинтонирање на македонската химна!

Екипата на Куманово ја доби најголемата казна по првите четвртфинални средби од кошаркарскиот плејоф, откако управата на овој клуб ќе мора да плати дури 30.000 денари поради неинтонирање на македонската химна, што е задолжително пред секој натпревар.

Причината за ова не е политичка, какви што сме имале ситуации во минатото, туку е поради крајна баналност – немање разглас во училишната сала „Перо Наков“ во овој град. Поради ова, кумановци ќе треба да платат дополнителни 7.000 денари, во што е влегува немањето адекватни топки за загревање на гостинскиот тим на Кожув. Поради плукање на судиите од страна на навивачите, пак, Работнички е казнет со 24.000 денари, а ќе плати и дополнителни 8.000 денари за неспортско навивање како и уште 1.000 денари за немање лице за бришење на паркетот.

Казна од 16.000 денари доби и Пелистер поради техничка грешка на клупата, како и Кожув во износ од 6.400 денари поради техничка грешка на Димитар Караџовски.