
Трипл-дабл на Златев во триумфот на Еуро Никел против Вардар
Натпреварот не понуди големи возбудувања бидејќи Еуро Никел доминираше во текот на целата средба и лесно го совлада скопскиот тим за осма победа во Првата лига.
Златев го заврши натпреварот со 24 поени, 11 скокови и 11 асистенции, додека Бајрам со 21 поен беше најдобар кај Вардар.
Кавадаречкиот состав е втор на табелата со 19 бодови по 11 одиграни кола, односно два помалку од лидерот МЗТ Скопје.