
„Рибарите“ не запираат: Поранешен репрезентативец на Македонија потпиша за АВ Охрид!
Станува збор за искусен крилен кошаркар, за кој ова ќе биде втор престој крај Охридското езеро со оглед што настапуваше за поранешниот прволигаш од овој град, АМАК-СП (2006-2008). Пенов кариерата ја почна во МЗТ Скопје, а има играно уште и за Вардар осигурување, Кожув, Карпош Соколи и Куманово, од каде што доаѓа во АВ Охрид.
Претходно за охридскиот тим потпишаа Данило Мијатовиќ, Марјан Младеновиќ, Адем Мекиќ и Војче Лефковски, заедно со новиот тренер на тимот, Марјан Илиевски.