Работнички лесно го совлада Кожув и врза десет победи во низа!

Кошаркарите на Работнички славеа лесна победа над Кожув со 92-73 и ја продолжија трумфалната серија во Првата македонска лига.

Во рамките од 20. коло, Работнички дојде до планираниот триумф против тимот на Кожув.

Дека нема многу да се испотат за да дојдат до победата, домаќините покажаа уште во првата четвртина која ја добија со 21-8. До крајот на полувремето Работнички ја зголеми предноста за на одморот да се замине со 43-26 за нив.

Во вториот дел само рутински го одржуваа водството за на крајот да слават со 92-73. За Работнички ова беше десетти триумф по ред во лигата.

Најдобар во составот на Работнички беше Џелетовиќ со 19 поени, Рикиќ реализираше 17, имаше и 10 скокови. Најефикасен кај Кожув, а и на натпреварот беше Пен со 22 поени.