Кожув им се реваншира на Грците и тоа со кош за победа во – последната секунда!

Кошаркарите на Кожув брзо се опоравија по завчерашниот катастрофален пораз од дури 54 поени разлика во првата пријателска пресметка на гости кај грчка Лариса (58-112), па во вчерашниот втор меч од затворен карактер го победија ривалот (74-73) и тоа на најсладок можен начин – со кош во последната секунда.

Егзекутор на решавачкиот удар на македонскиот тим беше репрезентативецот Бобан Стајиќ, кој погоди со звукот на сирената. За разлика од првата пресметка, овој пат екипите беа изедначени, со блага иницијатива на домаќинот во првото полувреме и егал-завршница во продолжението. Гевгеличани не потклекнаа како завчера и на крајот го зададоа завршниот удар за зголемување на самодовербата, која дефинитивно беше на најниско ниво по неверојатниот пораз со скоро 60 поени негатива.

Кожув во новата сезона влегува со амбиции за влезе меѓу најдобрите екипи кои ќе се борат за трофеите, за што ангажира неколку квалитетни домашни играчи како Бојан Трајковски, Стајиќ, Димитар Караџовски и Предраг Пајиќ, на кои додаде и искусни странци како Американецот Пејн, Литванецот Зданавичиус и Србинот Павловиќ.