Даскаловски е нов тренер на Кожув

Кожув го ангажира тренерот Борче Даскаловски кој доаѓа на кормилото на прволигашот по заминувањето на Александар Јончевски.

Даскаловски доаѓа во Гевгелија од екипата на МЗТ Уни Банка, откако претходно го тренираше Карпош Соколи во 2017 година,а  работеше и како асистент на Емил Рајковиќ во Астана.

„Му посакуваме добредојде во црвено белата фамилија а на селекторот Јончевски му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, соопшти Кожув.

Кожув има само две победи и дури седум порази по девет одиграни кола во македонската Прва лига.