
Американецот Џонсон нема да потпише за МЗТ, падна на медицинските прегледи
Како што информираа од клубот од Аеродром, Џонсон поради повреда која ја заработил пред доаѓањето во Скопје не ги поминал лекарските прегледи, па поради тоа и воопшто не потпишал договор.
„Нашиот медицински тим направи голем напор да го оспособи, но проблемот е сериозен и бара подолг период на опоравување надвор од теренот“, информираше МЗТ.
Од клубот истакнаа и дека веќе се во потрага по ново засилување на крилната позиција кое би требало да пристигне пред стартот на сезоната.