Милевски: Ќе продолжиме да сонуваме за СП, против Белгија ќе биде најважниот натпревар

Репрезентацијата на Македонија денеска славеше убедлива победа над Лихтенштајн о 5-0, а по големиот триумф селекторот Благоја Милевски не го криеше задоволството.

Пред новинарите селекторот ги пофали фудбалерите и порача дека сонот за Светско првенство ќе продолжи.

„Сакам да честитам на противникот за сè што се обиде да направи денеска. Ние не изгледавме така како што изгледавме случајно, влеговме во натпреварот со максимален респект, доминиравме во сите сегменети и оставивме многу малку простор на ривалот. Против Белгија за нас ќе биде најважнот натпревар, но без оглед кој е противникот, ние исто се подготвуваме. Целта е да останеме на првото место. Ме радува како ги постигнувавме головите и начинот на кој фубалерите се однесуваа. Резултатите ме прават горд, но на крај на денот никој не може да ни го земе правото да сонуваме пласман на Светското првенство. На крај сакам и на сите граѓани на Македонија да го честитам празникот 8 септемри“, истакна Милевски.

Натпреварот против Белгија е закажан за 10 октомври, а во истиот циклус три дена подоцна ќе го пречекаме и Казахстан дома.