
Белгија за три дена постигна 12 гола и застана веднаш зад Македонија
За волја на вистината, играше против најслабите селекции во групата во која е и Македонија, но сепак за респект се 12. постигнати гола на два меча. Пред три дена со 6-0 го совлада Лихтенштајн на гости, а денеска со идентичен резултат беше подобар од Казахстан на домашен терен.
Де Брујне потврди дека се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи два гола, Доку исто така два пати се запиша во листата на стрелците, а останатите два беа дело на Раскин и Мение.
Со оваа победа Белгија собра вкупно десет бода и застана на второто место на табелата во групата Ј, со бод помалку од Македонија која останува лидер. Во следното коло, на 10 октомври Белгија ќе ја пречека македонската репрезентација и тој ќе биде еден од клучните дуели за врвот на табелата.
фото: EPA photo