
Несфатливо: УЕФА му го украде извонредниот гол на Елмас! (ВИДЕО)
Новиот играч на Наполи ја нанижа цела противничка одбрана пред да ја затресе мрежата на гостинската репрезентација, но УЕФА од засега непознати причини не му го запиша голот нему.
Како што може да се забележи на официјалната страница на УЕФА, голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн, Бухел кого топката го удри во телото додека одеше кон голот. Не е исклучено УЕФА да ја смени одлуката вечерва или утре, но засега во листата на стрелците го нема Елмас кој го очекуваше својот 14. гол во националниот тим.