
Заздравувањето на Белингам оди побрзо од предвиденото - може да се врати веќе месецов
Марка објави дека неговото заздравување оди побрзо од предвиденото и дека тој би можел да се врати веќе пред крајот на септември. Прогнозите по операцијата беа дека ќе биде подготвен дури во втората половина на октомври или пред Ел Класико. На шега, навивачите на Реал велат дека Белингам мора да го забрза процесот на рехабилитација бидејќи Ѓулер одлично ја покрива неговата позиција и Англичанецот е во опасност да го загуби местото во стартната постава.
Сепак, од Реал тврдат дека нема да ризикуваат со Белингам и ќе му дозволат повторно да игра дури кога ќе биде максимално подготвен.