„Македонија има златна генерација и може да се пласира на Мундијалот“

Селекторот на Лихтенштајн Конрад Фунфштук имаше само пофалби за Македонија по денешната убедлива победа на нашата селекција од 5-0.

Фунфштук прво испрати честитки до македонските фудблаери, а потоа и додаде дека според него, имаме големи шанси за пласман на Светското првенство.

„Прво честитки до Македонија, одиграа фантастичен натпревар. Нашите фудбалери паднаа во завршницата, сепак сум задоволен од она што го прикажавме.

Уште кога првпат ја видов ждрепката кажав дека Македонија може да се пласира на Светското првенство. Ова е златна генерација, на секоја позиција се добро пополнети и може да конкурира во секој поглед. Оваа селекција се докажа досега, не е изненадување што се наоѓа на врвот во групата. Им следува натпревар со Белгија во Гент, а сметам дека таму ќе решаваат нијанси“, изјави селекторот на Лихтенштајн.

Натпреварот против Белгија, Македонија го игра на 10 октомври.