
Елмас: Да останеме со ладни глави и да го исполниме нашиот детски сон!
Елмас беше стрелец на првиот гол на натпреварот и тоа по еден одличен соло-продор, кој сепак подоцна голот ФИФА го запиша ако автогол на голманот Бухел.
„Одигравме квалитетен натпревар, знаевме овие три бода колку се важни. Искрено се надевам дека вака ќе продолжиме, не чекаат многу важни натпревари, секогаш одиме на победа, меѓутоа пред нас е тежок период. Па така со ладни глави ќе се обидеме да го исполниме нашиот детски сон. Се ежам кога се зборува за Мундијалот, од самиот почеток целам на највисоко ниво, затоа и сме тука, даваме се од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца“, изјави Елмас.
Со овој триумф, Македонија се врати на врвот во групата со 11 бода, еден повеќе од Велс и четири од Белгија која има натпревар повеќе и против која играме во октомври на гостински терен.