Македонија со „петарда“ го испрати Лихтенштајн и се врати на првото место! (ФОТО+ВИДЕО)
Од самиот почеток на натпреварот го наметнавме нашето темпо и констатно се играше пред голот на Бухел, а таквата игра се исплатеше по само 15 минути. Тогаш на сцена стапи Елиф Елмас кој со ремек-дело во стилот на Лионел Меси помина неколку противнички фудбалери и стрелаше за 1-0.
Иако, имавме шанси и за уште некој гол, сепак тоа беше единствениот во првото полувреме.
Само што започа вториот дел, по седум минути игра Барди беше егзекутор на една одлична акција за 2-0. Четири минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Чурлинов, тука веше беше јасно дека бодовите ќе останат во Скопје.
Во финишот од средбата Ќамили и Лука Станковски ги поставија конечните 5-0.
Со овој триумф, Македонија се враќа на врвот во групата со 11 бода, еден повеќе од Велс и четири од Белгија која има натпревар повеќе и против која играме во октомври на гостински терен.