
Илиевски: Среќни сме за победата, а сега против Белгија - да го задржиме првото место!
По натпреварот еден од фудбалерите кои доаѓаат од ПМФЛ во репрезентација, Бојан Илиевски кој имаше и асистенција, потенцираше дека најважна е победата.
„Секој натпревар има своја тежина, среќен сум за асистенцијата, но посреќен за победата. Ни следи Белгија и ќе се обидеме да го задржиме првото место за да ги израдуваме навивачите. Ние живееме како едно семејство и се обидуваме да ја исполниме секоја задача дадена од селекторот.
Горд сум еден од оние што претставуваме македонското првенство, со многу желба и напорна работа може да се постигне целта. Секогаш е поразлично кога играте со знамето на својот грб, има посебна тежина. Тука сум да помогнам на Македонија да одиме на едно големо натпреварување“, порача Илиевски.
Против Белгија ќе се соочиме на гостински терен во октомври.