Дончиќ сам ја победи Италија: Постигна половина од поените на Словенија за четвртфинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Словенија е новиот четвртфиналист на Евробаскетот најмногу благодарение на првата ѕвезда Лука Дончиќ кој одигра спектакуларен натпревар и го наполни кошот на Италијанците кои немаа решение за неговата игра.

Словенија славеше со 77-84. Италија беше во водство само во почетните минути со 4-0, се останато помина во знакот на словенечката репрезентација или подобра кажано во знакот на Дончиќ.

Само во првата четвртина Дончиќ постиггна 22 од 29 поени на Словенија која тој период го доби со 11-29.

На одмор словенечките кошаркари заминаа со двоцифрена разлика 40-50, Дочиќ додаде уште осум поени за 30 во првото полувреме, а имаше и пет скока и една асистенција..

Не се промени многу сликата и во второто полувреме во кое Италија, дојде до „минус еден“, но тогаш Словенија одново „додаде гас“ и не дозволи пресврт.

Натпреварот Дончиќ го заврши со неверојатни 42 поени точно половина од вкупниот број на Словенија, а запиша уште десет скока и една асистенција. Кај Италија, се издвои Фонтекио со 22 поени.