„Три од три“ за шампионот: Ферстапен на пол-позицијата и во Австралија

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ја освои и третата пол-позиција оваа сезона, во пресрет на третата трка во светскиот шампионат.

Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите пред Големата награда на Австралија, на патеката Алберт парк во Мелбурн што е негова 35. пол-позиција во кариерата и втора по ред на ова место. Од првиот ред, покрај него ќе стартува Карлос Саинс на Ферари, додека третото место го освои тимскиот колега на Ферстапен, Серхио Перес.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се води утре во 5 часот по средноевропско време.