Шок во Ферари: Фетел на крајот на годинава се повлекува од Ф1?

Поранешниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, првиот возач на италијанскиот гигант Ферари донел шокантна одлука да се повлече од „октанскиот циркус“ на крајот на оваа година по завршувањето на актуелната сезона.

Одамна постојат шпекулации дека Фетел планира заминување од Ф1, ама сега веројатно тие ќе се обвистинат, најавија дел од медиумите, а како причина е големото незадоволство на Германецот од комплетниот Ф1-циркус, но и од неконкурентноста на неговиот болид во трката за титулата.

Фетел освои четири титули со Ред Бул, по што мина во најгламурозниот тим во Формула 1, но не успеа во ниту една од досегашните сезони да ја освои шампионската титула и е во постојана сенка на Луис Хамилтон од Мерцедес. Ако Фетел навистина се повлече, тогаш Серхио Перез, Кевин Магнусен или Валери Ботас се кандидати да го земат неговото место, шпекулираат медиумите.

Фетел сезонава по шест извозени трки веќе има 55 бода заостаток зад актуелниот првак Хамилтон.