„Се сетив на Ники Лауда, знаев дека морам да се спасам од огнот поради моите деца“

Вистински хорор се случуваше на претходната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, кога болидот на Роман Грожан заврши во оградата покрај патеката и експлодираше.

Во тие моменти на сите им застана срцето, зашто сцената беше засташувачка, но Грожан избега од огнот и заработи изгореници на рацете и глуждовите.

„Се сетив на многу работи, но и на Ники Лауда и си помислив дека не е можно да завршам така. Не смеев да ја завршам мојата приказна во Ф1 на тој начин. Поради моите деца, си кажав на себе дека морам да излезам. Си ги ставив рацете во оган, при што си ги изгорев. Бев исплашен повеќе за моите пријатели и семејство, како и за моите деца кои се мој извор на гордост и енергија. Среќен сум што сум жив и ги гледам работите поинаку. Но, исто така постои потреба да се вратам во возилото, ако е можно уште во Абу Даби. Морам да ја завршам мојата приказна во Ф1 на поинаков начин. Ова е како повторно раѓање, да се излезе од оган, тоа е ден кој ќе остави трага на мојот живот засекогаш“, изјави Грожан.