Ред Бул не знае да губи - по само две трки направи измена кај возачите!

Од редовите на Ред Бул не се задоволни од резултатите на стартот од сезоната, па се одлучија брзо да направат промена, а цената ја плати Лијам Лосон кој ќе биде заменет со Јуки Цунода.

Замената Ред Бул веќе ја потврди и Цунода ќе биде партнер на Макс Верстапен наследната трка која ќе се вози во Јапонија на 6 април.

Лосон од друга страна ќе се врати во вториот тим на Ред Бул Рјесинг Булс како тимски колега на францускиот дебитант Исак Хаџар.

Лосон во првите две трки го освои 18-тото место во Мелбурн и излета од патеката во Кина што се покажа како доволно за неговиот тим да се одлучи на промена.