Раиконен конечно победи, Хамилтон на чекор до титулата!

Возачот на Ферари, Кими Раиконен успеа да триумфира на трката за Големата награда на САД и така го прекина постот кој му траеше веќе долго време, односно победи за првпат по 113 трки.

Финецот во Остин, на 18. трка сезонава во шампионатот на Формула 1, победи по првпат од Големата награда на Австралија во 2013. година.

Второто место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, додека на третата позиција беше актуелниот шампион Луис Хамилтон, но не успеа да ја обезбеди титулата бидејќи Себастијан Фетел заврши четврти во Тексас.

Па, најверојатно шампионската титула Хамилтон ќе ја потврди наредната недела, кога се вози трката за Големата награда на Мексико.