Хамилтон најбрз на квалификациите за трката во Шпанија

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија, која е шеста трка сезонава во шампионатот на Формула 1.

Британецот на патеката ја запиша четвртата пол-позиција сезонава, а 92 во кариерата, со круг со време 1.15.584.

Во директен дуел за пол-позиција, Хамилтон беше побрз од тимскиот колега Валтери Ботас, додека трет од стартот ќе тргне Макс Ферстапен.