Германците имаат фотографии од Шумахер како се сонча на балкон во Мајорка!

Легендарниот возач Михаел Шумахер се повреди на скијање пред неколку години, па од тогаш не се знаат многу детали за неговата состојба, но денеска странските медиуми објавија дека Германецот зимските празници не ги поминал во Швајцарија, туку на Мајорка.

Шумахер и својот 50. роденден го поминал во вилата во Мајорка, каде што се рехабилитира, а германските медиуми пишуваат дека семејството со хеликоптер пристигнало уште на 20 декември таму.

Таму ги пречекале Божиќ и Нова година, а наводно Шумахер поминал одредено време на балкон, каде што се сончал. Германски „Бунте“ тврди дека има фотографии од возачот, но засега не сакаат да ги објават во јавност.