Ферари доминираше во Сингапур, Фетел заврши пред Леклер (ФОТО)

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Сингапур, откако заврши со предност од 2.641 секунди пред тимскиот колега Шарл Леклер и ривалот од Ред Бул, Макс Ферстапен.

Германскиот возач стигна до 54. победа во кариерата, а петта во Сингапур. Фетел сега се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман на возачи, откако ги премина Леклер и Ферстапен.

Да потсетиме, тоа беше прва победа на Фетел од Големата награда на Белгија минатата година.