Епска трка во Јапонија: Довициозо го победи Маркез во последниот свиок! (ВИДЕО)

Зависниците од брзините и од адреналинот можеа да погледнат феноменална трка во Мото ГП шампионатот, на асфалтот во Мотеги, Јапонија, а триумфален беше Италијанецот Андреа Довициозо.

Иако стартуваше дури деветти, Довициозо фати приклучок и во финишот трката се претвори во двобој меѓу нив двајцата. Во последните три круга битката беше спектакуларна, двајцата постојано се престигнуваа и се менуваа во водството. Во последниот круг Маркез малку се одвои и изгледаше дека ја има победата, но направи мала грешка, доволно за Довициозо повторно да го загрози и да го претекне. Маркез вложи сѐ од себе во последниот свиок и мина покрај Италијанецот, но отиде премногу надворешно и Довициозо се одрбани.

Ова беше петта победа за Италијанецот од Дукати оваа сезона, со што ја направи интересна битката за пехарот на три трки до крајот. Маркез сега има 244 бода на чело, а Довициозо 233 зад него.

Денешната трка беше незгодна бидејќи се возеше по влажен асфалт и по дожд. Зад водечката двојка заврши Данило Петручи, исто така од Дукати, на четвртото место се пласира Јаноне пред тимскиот колега Ринс и возачот кој ја имаше пол-позицијата Жарко. Валентино Роси и Дани Педроса не успеаја да ја завршат трката на патеката „Мотеги“.

Следната трка е веќе наредниот викенд, во Австралија.