Ботас ги казни грешките на Хамилтон за триумф на трката во Сочи!

Валтери Ботас, возачот на Мекларен, дојде до втората победа сезонава, откако триумфира во денешната трка за Големата награда на Русија, која се возеше на патеката во Сочи.

Финецот максимално ги казни двете грешки на клупскиот колега Луис Хамилтон, кој беше пенализиран со дополнителни десет секунди поради подготовка пред почетокот на трката на недозволен дел од патеката. На втората позиција заврши Макс Ферстапен, додека Хамилтон мораше да се задоволи со третото место.

Британецот останува убедлив лидер во генералниот пласман со 205 бода, 44 повеќе од Ботас, а зад нив е Ферстапен. До крајот на сезоната остануваат уште седум трки.