Зицер за обложувачите: Барса вечерва пречекува човек против кого постигнала 85 гола!

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат против Олимпијакос во рамките од Лигата на шампионите кој од клупата го предводи Хозе Луис Мендилибар.

Шпанскиот стратег успеа да ја освои Конференциската лига со грчкиот претставник, а претходно кариерата ја градеше во татковината каде што ги предводеше екипите на: Ваљадолид, Осасуна, Еибар, Леванте, Алавес и Севиља.

Во период од 2007 до 2013 година Мендилибар против Барселона одигра дури 27 натпревари и во нив претрпе 23 порази, трипати ремизираше и само еднаш победил и тоа кога Пеп го водеше тимот во сезоната 2011/2012.

Податокот кој најмногу привлекува внимание е што во натпреварите со екипите кои ги предводел Мендилибар, Барселона постигнала дури 85 голови, па ова можеби е шанса за обложувачите да се обидат со таков „тип“ и за вечерашниот натпревар.

Натпреарот се игра во терминот од 18:45 часот.