Шкупи пред исфрлање од Првата лига поради голем долг кон КФМ

КК Шкупи е суспендиран од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) поради долг од 590.000 денари.

Кошаркарскиот клуб Шкупи на своите социјални мрежи објави дека е суспендиран од натпреварувањето во Првата лига поради неплатени 590.000 денари кон КФМ.

Поради суспензијата Шкупи засега нема да игра во натпреварувањето, а дали ќе остане во лигата или ќе биде целосно исфрлен, останува да се види.

Чаирскиот тим не бил ниту дел од ждрепката за првото коло, а немале доставено ниту леста на играчи со кои ќе се натпреваруваат.