Вардар го надигра Тулуз за „два од два“ во Европската лига

Македонскиот суперлигаш Вардар ја запиша втората победа во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва го надигра Тулуз со 28-26 во второто коло од натпреварувањето.

Вардар имаше идеален почеток на натпреварот и предност од 6-1, а разликата ја одржуваше до крајот на првото полувреме (18-11).

Тулуз се разигра во вториот дел и ги искористи грешките на „црвено-црните“ кои се соочија со голема криза и му дозволија на домаќинот да намали на само еден гол негатива (22-23). Вардар, сепак, успеа да се соземе во финишот и да триумфира со 28-26.

Во редовите на Вардар блесна Јака Малус со шест голови, додека Немања Илиќ постигна седум погодоци за Тулуз.

Во вториот меч од групата, Кристијанштад направи кикс против Сесвете и одигра нерешено (32-32).