ТФТ го прегази Чаир и се искачи на врвот во лигата!

Кошаркарите на ТФТ Скопје ја запишаа третата победа во македонската Суперлига, откако вечерва го надиграа Чаир на гостински терен со убедливи 82-64.

Екипата од Тафталиџе играше одлично од самиот старт на натпреварот и го доби првото полувреме со 42-30.

Чаир не успеа да даде посериозен отпор во третата четвртина, а тоа го искористи ТФТ за дополнително да ја зголеми разликата (60-45), по што доминираше до крајот на средбата (82-64).

Дејвис имаше 24 поени, четири скокови и две асистенции за ТФТ, додека Билингсли постигна 13 поени, 13 скокови и две асистенции за Чаир.